Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд

02.05.2026 09:11

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-2 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, времето ќе биде слично, променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 19 степени.