САД ќе повлечат околу 5.000 војници од Германија, објави Пентагон
Наредбата ја донел американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, а одлуката доаѓа во период на заострени односи меѓу Доналд Трамп и германскиот канцелар Фридрих Мерц околу војната со Иран...

САД ќе повлечат околу пет илјади војници од Германија во следните шест до дванаесет месеци, потврди Пентагон. Наредбата ја донел американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, а одлуката доаѓа во период на заострени односи меѓу Доналд Трамп и германскиот канцелар Фридрих Мерц околу војната со Иран.
Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, соопшти дека повлекувањето следи по „темелна ревизија“ на распоредот на американските сили во Европа и дека се земени предвид потребите на терен.
Американскиот претседател истовремено најави дека би можел да разгледа и повлекување војници од Италија и Шпанија, критикувајќи ги двете земји дека не ја поддржале американската линија околу повторното отворање на Ормускиот теснец.
