Анкета: Македонците сакаат во ЕУ, пречка се соседите

19.09.2014 12:44

0 насто од испитаниците во анкетата на Институтот за демократија одговориле дека доколку идната недела има референдум за влез на државава во Унијата ќе гласаат за, а само 14 проценти се против...

Поддршката на граѓаните за европските интеграции на Република Македонија е висока. 80 насто од испитаниците во анкетата на Институтот за демократија одговориле дека доколку идната недела има референдум за влез на државава во Унијата ќе гласаат за, а само 14 проценти се против.

Мнозинството испитаници, 63 насто го подржуваат членството во ЕУ, доколку не треба да се направат отстапки за името. Една четвртина би ја дале таквата подршка и покрај промена на името. Половина од испитаниците се со став дека Македонија целосно е подготвена за членство.

Според анкетата на Институтот за демократија, безмалку секој втор испитаник смета дека најновиот извештај на Европската комисија ќе биде ист како лани, додека 28 проценти сметаат дека во него ќе се нотира напредок.

Граѓаните сметаат дека главна причина што Македонија не е дел од Европската унија е попречувањето на процесот на интеграција од страна на соседните држави.

Телефонската анкета е спроведена во периодот од 10 до 15-ти септември, на национален репрезентативен примерок од 1.002 испитаници, со статистичка грешка од плус-минус 3,1 процент.

 

Милчо Велески