Куба

Трамп најави можен притисок врз Куба со носач на авиони

02.05.2026 20:05

Вашингтон и Хавана во нов судир по заканите на Трамп дека САД би можеле „речиси веднаш“ да ја преземат контролата врз Куба по завршувањето на конфликтот со Иран.

Вашингтон и Хавана во нов судир по заканите на Трамп дека САД би можеле „речиси веднаш“ да ја преземат контролата врз Куба по завршувањето на конфликтот со Иран. Тој не ја исклучи и можноста за распоредување на носач на авиони како демонстрација на сила.

Заканата доаѓа ден откако тој ја потпиша извршната наредба за нови санкции поврзани со Куба. Властите од Хавана оценија дека ваквите еднострани мерки од САД се бесправни, но и дека нема да ги заплашат.

„Куба има проблеми, ќе ја преземеме речиси веднаш. Би сакал да ја завршиме работата на враќање од Иран – ќе испратиме еден од нашите големи носачи на авиони крај брегот, по што тие ќе кажат: Ви благодариме, се предаваме“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.