Битола меѓу топ пет туристички дестинации во Европа
Битола во топ пет туристички дестинации кои треба да се посетат. Во статијата „Скриени бисери далеку од толпите“ странски новинари и експерти го препорачаа и градот на конзулите. Ова за градот е „награда“ но и уште поголема одговорност и мотив за вложување во локален економски развој.

Извонредната архитектура, историјата на градот, Хераклеја Линкестис и пелистерскиот бор се само дел од она што Битола како град го сместија меѓу топ пет туристички дестинации во Европа. Градот на конзулите го посетија странски експерти и новинари и го препорачаа во статијата со наслов-скриени бисери подалеку од толпите.
Градот на конзулите секојдневно се полни со странски туристи. Угостителите подготвени. Локалната самоуправа ја осветли најамбиенталната улица „Широк сокак“. Во најава се и натамошни инвестиции за локален и економски развој.
Промоцијата на Битола во најдобро светло значи и уште поголем мотив и обврска за надминување на постоечките недостатоци преку изработка на нови и измени и дополнувања на затекнати проектни документации, велат од општината.
Ружица Аџикотарева Ѓоршевска
