Партиски препукувања за евроинтегративниот процес
Евроинтегративниот процес причина за партиски препукувања. Од СДСМ велат дека несериозни се обвинувањата на премиерот Мицкоски за блокирање на реформските законите поради неучеството во работната група за Изборниот законик. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека СДСМ се претставуваат како проевропска опција, но постојано е демантирано од европски институции.

СДСМ вели дека кога тие биле на власт ги донеле сите реформи и ги исполниле сите услови за земјава да се приближи кон пристапување кон ЕУ. Затоа, како што велат, несериозно е Мицкоски да создава алиби за себе и да ја обвинува опозицијата за блокирање на реформските законите од агендата на ЕУ, вели Богданка Кузеска од СДСМ. Социјалдемократите посочуваат дека токму власта е најодговорна за придвижување на земјава кон евроинтегративните процеси.
СДСМ се претставуваат како проевропска опција, а се што ќе кажат постојано е демантирано од европски институции или од европратеници. Проевропска опција е етикета која СДС и Венко Филипче, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, сами си ја налепуваат, само за да даваат лажни оправдувања за сите национални предавства кои ги направија додека беа на власт.
Додека СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за бизнисите и релациите на Мицкоски со најблиските Орбанови партнери и пријатели на Балканот, од владејачката партија велат дека СДСМ е пример за партија која декларативно се повикува на Европа, а практично работи спротивно на вредностите на вистината, одговорноста и достоинството.
Игор Панов
