Опасно е мешањето терапија и додатоци за слабеење
Во аптеките над 300 лека се продаваат по пониска цена. Стапија на сила корекциите на цени што пред неколку месеци ги направи Mинистерството за здравство. Фармацевтите велат, пациентите што користат хронична терапија нема да мораа да патуваат во соседството да купат поевтин лек. Но, она што во моментот ги загрижува е желбата на обезните пациенти кои сакаат да ослабнат на брз начин, купуваат додаток на исхрана без да кажат дека користат хронична терапија.

Проблемот со дебелината која ја засега нацијата им создава главоболки на фармацевтите кога клиентите бараат нешто што дава брз ефект за симнување на килограми, а изоставуваат да кажат дека земаат хронична терапија. Одредени состојки се косат меѓу себе и можат да предизвикаат сериозно нарушување на здравјето, предупредува фармацевтската Билјана Божиновска од Здружението на приватни аптеки.
Божиновска вели, не постои додаток на исхрана којшто има доказ „А“ и дека само со тие додатоци без воведување на здрави животни навики можат да се намалат килограми.
Во аптеките стапија на сила корекциите на цените на лековите што ги направи министерството за здравство.
Над 300 лека се со пониска цена. Граѓаните за својата терапија нема да мора да одат во соседството. Меѓу намалените лекови е Ксарелтото наменето за кардиоваскуларни заболувања.
Наташа Јанчиќ Менковски
