Економија

Енергетски предизвици предизвикани од кризата

02.05.2026 17:03

Двомесечниот конфликт на Блискиот Исток освен светската, ја притиска и домашната економија. Професорот Константин Димитров вели дека земјава засега добро се справува со последиците, но ако кризата се продлабочи ќе бидат неопходни и други мерки.

Цената на горивата притиска на цената на електричната енергија. Откако Владата изрази подготвеност да ги исполни условите од Реформската агенда, со исклучок на два од кои едниот се однесува на либерализација на цената на струјата за домаќинствата, универзитетскиот професор Константин Димитров оценува дека оваа социјална политика е оправдана. Смета дека би била на товар на буџетот, а во интерес на заштита на стандардот на граѓаните. Препорачува поголемо производство на енергија од обновливи извори, но во вакви околности да не се размислува за напуштање на јагленот. Масовно субвенционирање на домаќинствата за поставување сончеви колектори-советува Димитров.

И при најпозитивно сценарио, дури и кога би се отворил Ормутскиот теснец ќе треба да помине време за да се стабилизира цената и набавката на гориво оценува Димитров. Резервите пак смета дека треба да се чуваат за поцрни денови доколку се продлабочи кризата за потребите на индустријата за да се

Од Владата очекуваат ново поевтинување на горивата од следната недела. Во меѓувреме институциите истражуваат дали имало реекспорт на гориво во соседството.

Александра Велинова