Временска прогноза
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
03.05.2026 09:38
Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h)...

Променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
