Свет

Светски ден на слободата на медиумите

03.05.2026 10:43

„Обликување на иднина во мир“ е мотото под кое во Лусака, Замбија се одржува глобалната конференција по повод 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиумите.

„Обликување на иднина во мир“ е мотото под кое во Лусака, Замбија се одржува глобалната конференција по повод 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиумите.

Овој ден е воспоставен врз основа на одлука на Генералното собрание на Обединетите нации и по препорака на Генералното собрание на УНЕСКО од 1991 година.

Целта е да се промовира принципот на слобода на медиумите, да се истакне важноста на заштитата на медиумските слободи и борбата против сите форми на влијание врз медиумите, како и да се потсети на медиумските работници кои ги загубија животите при вршење на својата работа.