Скијање, велеслалом (ж) во Вал Д Изер

Вајратер незапирлива кон врвот

23.12.2013 11:29

Лихтенштајнката Тина Вајратер го зацрсти водството во Светскиот Куп во алпско скијање во женска конкуренција, со победата на велеслаломот во француски Вал Д Изер. Големата предност по првата трка од 85 стотинки пред Швајцарката Лара Гут и беше доволно на Вајратер да прослави нов успех пред конкуерентката, која на крајот надомести само 14 стотинки. На пиедесталот се пласираше уште Швеѓанката Џесика Линдел-Викерби, со заостанување одс 95 стотинки.

Токму Линдел-Викерби е на чело на велеслаломскиот поредок по четири од осумте планирани натпревари сезонава со 252 бода, пред Вајратер со 202 и сонародничката Марија Питиле-Холмнер, која има 186.

Вајратер е во водство во генералниот пласман со 595 бода, пред Гут со 568 и Германката Марија Хефл-Риш со 535.

*

Велеслалом (ж) Вал Д Изер

1.Тина Вајратер                                 ЛИХ       2:24.10

2.Лара Гут                                           ШВА      +0.73

3.Марија Питиле-Холмнер              ШВЕ      +0.95

4.Федерика Брињоне                        ИТА       +1.11

5.Марија Хефл-Риш                           ГЕР        +1.16