Регион

Србија одбележува три години од масовното убиство во „Рибникар“

03.05.2026 13:49

Три години по масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, семејствата на жртвите и граѓаните денеска оддаваат почит на загинатите деца и училишниот чувар...

Три години по масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, семејствата на жртвите и граѓаните денеска оддаваат почит на загинатите деца и училишниот чувар.

На 3 мај 2023 година, тринаесетгодишниот К.К. уби девет ученици и еден вработен во училиштето, а повреди неколку други лица.

По повод годишнината, во Србија се одржуваат комеморативни програми, а 3 и 4 мај се одбележуваат како Денови на сеќавање на жртвите од масовните убиства во „Рибникар“ и селата Мало Орашје и Дубона.