За Германија, очекувано е најавеното повлекување на американските трупи
Министерот за одбрана Писториус изјави дека присуството на американските сили во Европа останува важно и за Германија и за САД. НАТО пак, бара дополнителни појаснувања од Вашингтон...

Германија соопшти дека најавеното повлекување на американските трупи е очекувано, по одлуката на Трамп да повлече 5.000 војници.
Министерот за одбрана, Писториус, изјави дека присуството на американските сили во Европа останува важно и за Германија и за САД. НАТО пак, бара дополнителни појаснувања од Вашингтон.
Трамп изјави дека намалувањето може да биде и поголемо, без да даде детали. Одлуката доаѓа во време на тензии меѓу Трамп и германскиот канцелар Мерц, како и загриженоста во Алијансата дека ваквите потези може да ја ослабат безбедноста во Европа.
Повлекувањето се очекува да се реализира во наредните шест до дванаесет месеци.
„Ќе намалиме многу, и тоа многу повеќе од 5.000“, рече американскиот претседател, Трамп.
