Детска клиника

Дигестивните заболувања ги надминаа респираторните

03.05.2026 13:12

Дигестивните заболувања почнаа да ги надминуваат респираторните. За продолжениот викенд амбулантите на Детската клиника полни. Поголем дел од децата со терапија и совет се пуштени дома, но има и такви коишто морале да останат на болничко лекување.

Деца со дијареја и повраќање продолжениов викенд доминираа на Клиниката за детски болести. Но, не паѓа ни бројот на оние со респираторна симптоматологија. Над 100 прегледи имале лекарите во дежурните амбуланти. За пациентите со потешка клиничка слика на коишто им треба болничко лекување се грижи тимот здравствени работници, предводен од професорката Соња Бојаџиева.

Со редовна терапија и правилна исхрана децата со акутни состојби оздравуваат брзо. Вели, лекарите мора постојано да ги следат новите сознанија во медицината за да постигнуваат подобри резултатите во лекувањето.

Бактериско-вирусни инфекции секогаш ќе прават проблеми, но децата можеме да ги заштитиме од рота вирусот на пример, со вакцината којашто влезе во редовниот календар за имунизација пред 7 години, децидна е професорката Бојаџиева. Таа спречува тешка дехидратација и тешки ентероколити.

64 проценти е опфатот со вакцината којашто ги заштитува децата од рота вирусот. Лекарите велат рота вирусот знае да биде исцрпувачки посебно за малите деца и да ги донесе во живото загрозувачка состојба.

Наташа Јанчиќ Менковски