Битола

Дуалното образование, спој на знаење и пракса

03.05.2026 19:00

Уште неколку месеци до крајот на школската година. Полуматурантите веќе размислуваат каде ќе го продолжат своето образование. Средните училишта фаќаат чекор со потребите на модерното време. Дуалното образование сè повеќе го привлекува вниманието на учениците. Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ѓорѓи Наумов“, во Битола со два нови современи образовни профили.

Во претстојниот уписен рок, Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ѓорги Наумов Битола со два нови современи образовни профили, единствени во државава.

„Компјутерски техничар за видеоигри и виртуелна реалност“ и „машински техничар за енергетски ефикасно греење и климатизација“ се новите профили кои веќе го привлекоа вниманието на деветоодделенците на отворениот ден.

Изминатава учебна година „Ѓорѓи Наумов“ прерасна во регионален центар и училиште со дури осум дуални паралелки. Покрај теоретската настава во училиште – учениците стекнуваат практични знаења директно во компаниите, каде по завршувањето на образованието, ќе имаат можност и да се вработат. Според конкурсот, за упис во прва година предвидени се 311 слободни места во 11 паралелки.

Искуствата и успесите на сегашните ученици зборуваат и за квалитетот на образование кој го нуди ова училиште. Дарко Бабиќ, ученик во трета година на насоката електротехничар за компјутерска техника и автоматика, кој со примената на стекнатите вештини успеал да освои награди на повеќе натпревари.

Во Битола оваа година основно образование завршуваат 758 деветоодделенци. Прво електронско пријавување од 12 до 15 јуни, второто на 23 јуни. А вториот уписен рок е на 20 август.

Александра Максимовска