Европскиот парламент

Мецола: Новинарството е столб на демократија

03.05.2026 15:17

Европскиот парламент по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите, изрази непоколеблива посветеност за овозможување на новинарите непречено да ја извршуваат својата работа „безбедно, без закани, насилство и застрашување“.

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола на социјалната мрежа „ИКС“ напиша дека „храброста не треба да биде во описот на работното место на новинарот, а сепак премногу често е“. Новинарството не е само работа, тоа е јавен сервис, столб на нашата демократија и затоа вашиот збор е премногу важен. Додава дека Европскиот парламент секогаш ќе биде сојузник во одбраната на слободата на говорот и заштитата на оние кои известуваат и кога известувањето е под закана.