123 години од смртта на Гоце Делчев
На денешен ден пред 123 години во Баница почина македонскиот револуционер Гоце Делчев. Ќе се одбележи со традиционално положување цвеќе и панихида на неговиот гроб во црквата „Св.Спас“ во Скопје, каде ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски и делегација на Собранието...

На денешен ден пред 123 години во Баница почина македонскиот револуционер Гоце Делчев. Ќе се одбележи со традиционално положување цвеќе и панихида на неговиот гроб во црквата „Св.Спас“ во Скопје, каде ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски и делегација на Собранието. Во законодавниот дом ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во областа на науката. Ќе им биде врачена на проф. д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни за делото „Континуитетот на македонскиот јазик I“.
Во Владата е закажана трибина насловена „Темел на државноста-визија за иднината“ на која ќе се обратат министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за култура Зоран Љутков и директорот на Националната универзитетска библиотека Јовица Никчевски.
