Ново рочиште за случајот „Пулс“
Обдуцентите ќе појаснат за токсичноста на гасот и штетните испарувања, за да се разјаснат околностите поради кои дошло до смртен исход...

Ново рочиште во судницата во Идризово за кочанската трагедија во дискотеката „Пулс“. Обдуцентите ќе појаснат за токсичноста на гасот и штетните испарувања, за да се разјаснат околностите поради кои дошло до смртен исход. На претходното судење обвинителството ги презентираше извештаите од обдукциите, посочувајќи дека труење со јаглерод моноксид е причината за смртта кај повеќе од 90 насто од починатите во дискотеката.
Неколкумина починале и од задушување откако останале без воздух, а уште неколку поради силен притисок на градниот кош. Последните тројца сведоци на Обвинителството не дојдоа и на минатото судење.
