20 илјади морнари заглавени во блокадите
Портпаролот на иранското МНР изјави дека одговорот на САД на предлогот на Иран за прекин на војната му е пренесен на Пакистан. Во „Проектот слобода“ околу 20.000 морнари се заробени во Заливот од почетокот на војната со Иран. Постои растечка загриженост поради намалувањето на залихите и ефектите врз физичкото и менталното здравје на морнарите...

Портпаролот на иранското МНР изјави дека одговорот на САД на предлогот на Иран за прекин на војната му е пренесен на Пакистан. Претседателот Трамп пак, рече дека претставниците на САД водат многу позитивни разговори со Иран и истите можат да доведат до нешто многу позитивно за сите.
„Нашиот план е фокусиран исклучиво на завршување на војната. Точките споменати за деталите во нуклеарната област апсолутно не се вклучени. Овој план се базира прво на изготвување на договор за завршување на војната, а потоа на дискусија за тоа како да се спроведе во период од 30 дена“, изјави Есмаил Багаеи, портпарол на МНР на Иран.
Секретарот за финансии Бесент изјави дека САД го задушуваат Иран преку блокадата во Ормускиот теснец.
„Иран беше најголемиот државен спонзор на тероризмот. Претседателот Трамп го направи светот безбеден. Тој рече дека Иран не може да има нуклеарно оружје. Тие мора да го предадат својот збогатен ураниум“, изјави Скот Бесент, секретар за финансии на САД.
Во меѓувреме, Трамп објави дека САД ќе им помогнат на земјите со бродови заглавени во Ормускиот теснец. Во „Проектот слобода“ околу 20.000 морнари се заробени во Заливот од почетокот на војната со Иран. Постои растечка загриженост поради намалувањето на залихите и ефектите врз физичкото и менталното здравје на морнарите.
