САД

Починати и заболени по епидемија на крузер што пловел во Атлантикот

04.05.2026 11:16

Три лица починаа на крузер што пловел во Атлантикот, а сомнежите се дека биле заразени со хантавирус, објави Светската здравствена организација...

Три лица починаа на крузер што пловел во Атлантикот, а сомнежите се дека биле заразени со хантавирус, објави Светската здравствена организација. Меѓу починатите и заразените има Холандски и Британски државјани.

СЗО координира со националните власти, здравствените служби и операторите на бродот за евакуација и изолација на потенцијално заразените патници. Крузерот управуван од холандска компанија, има капацитет од околу 170 патници и 70 членови на екипажот.

Бродот е познат како поларен крузер и патувал по долга рута со повеќе застанувања, вклучувајќи ги островите Јужна Џорџија и Света Елена.