Хавана не се предава на притисокот од САД
Кубанскиот претседател ги отфрли најновите санкции од САД и истакна дека е против секој што се осмелува да тргува со островот...

Кубанскиот претседател ги отфрли најновите санкции од САД и истакна дека е против секој што се осмелува да тргува со островот. Пораката следува откако Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат санкции за поединци на островот кои работат во енергетиката.
„Од перспектива на меѓународните односи, оваа извршна наредба претставува случај на директно и еднострано мешање од страна на соединетите американски држави. Тоа е неприфатлив чин на мешање во внатрешните работи на друга нација. Претставува јасен обид за наметнување политички модел базиран на економска принуда со користење на домашното право за влијание врз политиките на другите нации“, изјави Мигел Дијаз-Канел, претседател на Куба.
Односите на Вашингтон и Хавана се на најлошо ниво во последните децении, откако Трамп воведе енергетска блокада на островот, притискајќи го да го промени политичкиот модел и се закани дека ќе ја задуши економијата на островот и на крајот да го преземе, дури и со сила.
