сад

Пукање на забава во близина на Оклахома Сити, најмалку 10 лица се ранети

04.05.2026 12:19

Властите велат дека биле добиени повеќе пријави за пукотници за време на собир на млади луѓе во близина на езерото Аркадија...

Најмалку 10 лица се пренесени во болници по пукање на забава во близина на Оклахома Сити, соопшти полицијата. Властите велат дека биле добиени повеќе пријави за пукотници за време на собир на млади луѓе во близина на езерото Аркадија.

Засега нема детали за тоа што точно се случило, ниту постои сомнеж за можен напаѓач.

Полицијата смирува дека нема опасност за јавноста. Езерото се наоѓа околу 21 километар северно од Оклахома Сити во предградието Едмонд, град со околу 100 илјади жители. Аркадија е популарно место за пикник, кампување, риболов и водни спортови.