Одбележување

Делегацијата на ЕУ во Македонија ќе го прослави Денот на Европа

04.05.2026 11:52

Под слоганот „Наша Европа, заедно посилни“, делегацијата на Европската унија во Македонија ќе го прослави Денот на Европа.

Под слоганот „Наша Европа, заедно посилни“, делегацијата на Европската унија во Македонија ќе го прослави Денот на Европа. Програмата вклучува низа активности и свечености организирани во соработка со мрежата на Јуроп Хаус и локалните власти низ целата земја.

Одбележувањето почнува денес со концерт на меѓународниот оркестар „Фејмс“ во Јуроп хаус-Битола, лоциран во офицерскиот дом.

Во текот на овој месец, ќе се одржат настани во повеќе градови, концерти во Битола, филмски вечери во Кочани, велосипедска тура околу Охридско Езеро, ученички саем во Штип, размена на книги во Тетово, садење дрвја во Велес, сè до завршувањето со младински настан во Гевгелија на 23 мај.