Германија
Македон Димитровски освои два златни медала на германската математичка олимпијада
04.05.2026 10:28
Димитровски се закити со златен медал во индивидуална конкуренција по математика и со злато во математички предизвик...

Малиот математички талент Македон Димитровски освои два златни медала на германската математичка олимпијада.
Димитровски се закити со златен медал во индивидуална конкуренција по математика и со злато во математички предизвик.
Благодарение на резултатите тој беше вброен и во престижната група лауреати, признание кое им припаѓа само на најуспешните натпреварувачи.
