Кривичен суд
38 приговори во врска со „Безбеден град“ во април
04.05.2026 14:12
Од Кривичен суд информираат дека во април бројот на приговори бил значително намален.

Во април, до Основниот кривичен суд Скопје поднесени се вкупно 38 приговори, односно барања за поведување прекршочна постапка пред суд, од кои шест се приговори од правни лица и 32 се од физички лица.
Ова се граѓани и правни лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот прекршок, регистриран преку системот „Безбеден град“ и поднесуваат приговор до надлежниот суд.
Од Кривичен информираат дека во април бројот бил значително намален, а воедно веќе се завршуваат предметите по претходно поднесените приговори.
