Руско-украински конфликт
Руските и украинските сили продолжија со нападите со беспилотни летала
04.05.2026 12:15
Жртви и повредени во напад врз Запорожје, врз пристаништето Одеса и Сумискиот регион...

Руските и украинските сили продолжија со нападите со беспилотни летала и ракети. Жртви и повредени во напад врз Запорожје, врз пристаништето Одеса и Сумискиот регион. Во исто време, руските власти објавија дека дрон погодил и зграда во Москва. Извештај на европска разузнавачка служба открива дека изминатиот месец рускиот претседател е под засилени безбедносни мерки, вклучително и надзор врз неговиот најблизок круг, поради страв од државен удар.
Путин веќе преживеа обид за бунт во јуни 2023 година, кога лидерот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, почна неуспешен марш кон Москва.
