Кривичен суд

Рочиште за трагедијата во „Пулс“

04.05.2026 13:24

Во Идризово ново рочиште за трагедијата во „Пулс“. Нови сведоштва од кобната ноќ.

Исказите на сведоците Дарио Трифунов и Александра Пепеларовска, дадени во Обвинителството во текот на истражната постапка беа прочитани во судницата во Идризово на денешното судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако и двајцата повеќе рочишта не се достапни на органите на прогон.

Денешната главна расправа продолжува со сослушување на директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков. Обвинителството на минатото рочиште ги изведе обдукциските наоди и мислења од Институтот за судска медицина за причините на смртта на жртвите.

Наташа Јанчиќ- Менкоски го следи судењето.