Пожар во Визбегово, гори приватен имот со стари возила
Голем пожар избувна денеска во скопско Визбегово, кај обиколницата, каде се запалил приватен имот со складирани стари автомобили. Надлежните служби се на терен и преземаат мерки за ставање под контрола на огнената стихија.
Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Визбегово, во близина на обиколницата, каде што, според информациите од градоначалникот на Орце Ѓорѓиевски, се запалил приватен имот на кој биле складирани стари автомобили.
Екипите на Противпожарната бригада на Скопје веднаш излегле на терен и со сите расположливи ресурси активно работат на гаснење на пожарот. Паралелно, на местото на настанот се присутни и инспектори од Град Скопје.
За случајот се известени Министерство за внатрешни работи, Државен инспекторат за животна средина, како и Јавно обвинителство, кои преземаат активности во рамки на своите надлежности.
Надлежните апелираат до граѓаните да останат смирени, да бидат внимателни и да ги почитуваат насоките на службите. Состојбата внимателно се следи, а институциите постапуваат координирано со цел пожарот да биде ставен под контрола и да се заштити здравјето на граѓаните и животната средина.
Од Град Скопје порачуваат дека нема да се толерира неодговорно однесување и создавање диви депонии, потенцирајќи дека секој што го загрозува јавниот интерес ќе сноси одговорност.
Фото: Фејсбук/ Орце Ѓорѓиевски
