Намален бројот на работници во индустријата
Бројот на вработени во индустријата во март 2026 година бележи намалување во однос на истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во индустријата во март 2026 година е намален за 2,8 проценти во споредба со март 2025 година, според официјалните статистички податоци.
Намалување на бројот на вработени е регистрирано во секторот Рударство и вадење камен за 6,9 проценти, како и во Преработувачката индустрија за 2,8 проценти. Раст од 0,6 проценти е забележан единствено во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Според главните индустриски групи, бројот на работници е намален во повеќе сегменти, и тоа во Енергија за 2,1 процент, Капитални производи за 3,6 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,4 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија, за 2,9 проценти. Зголемување од 1 процент е регистрирано само кај Трајните производи за широка потрошувачка.
Во првите три месеци од годинава, односно во периодот јануари – март 2026, бројот на работници во индустријата е намален за 3,3 проценти во однос на истиот период минатата година.
