123 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев
123 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Бројни делегации се поклонија пред вечно почивалиште на Делчев и му одадоа почит за неговата храброст и решителност, борбата за слободата и правда за македонскиот народ...

Македонија и денеска има потреба од херои како Гоце Делчев, потреба од луѓе со љубов кон сопствениот народ и со почит кон сите народи кои нема да дозволат да ги води омразата, рече по панихидата во црквата „Свети Спас“, архиепископот на МПЦ – ОА господин господин Стефан. Во молитвениот помен на одбележувањето на 123-годишнината од загинувањето на Делчев во селото Баница 1903-та, благодарен на Господ што на македонскиот народ му дал ваков војвода, ветувајќи оти неговото дело и жртва нема да биде заборавена.
Многубројни делегации се поклонија пред вечното почивалиште на Делчев и му оддадоа почит за неговата храброст и решителност, борбата за слободата и правда за македонскиот народ. Владината делегација беше предводена од премиерот Христијан Мицкоски, свежи цвеќиња и венци положија и претставници на Собранието, претседателката на државата, Градот Скопје, политички партии, дипломатскиот кор и здруженија на граѓани. На само 31 година Гоце Делчев е убиен од турската војска во селото Баница на патот кон Сер. Македонија чекаше 43 години за неговите останки од Софија да бидат пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Неговите цитати имаат силен екот и оставаат аманет за идните генерации „Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите“, ќе рече Делчев.
Викторија Милевска
