Емренија

Лидерите во Ереван бараат решенија за безбедноста и економијата

04.05.2026 19:29

Во време на нови безбедносни и економски потреси во Европа – Самит на лидерите во Ерменија. Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова е таму. Се бараат одговори за војните, кризите и иднината на континентот.

„Градејќи иднина, единство и стабилност во Европа“ е мотото на 8-от Самит на европската политичка заедница во Еревен на која учествува и македонската претседателка Сиљановска-Давкова. На маргините на самитот Сиљановска Давкова се сретна со домаќинот ерменскиот претседател Хачатурјан. Двајцата се согласиле дека визните олеснувања и директните авионски врски би придонеле за унапредување на меѓусебната економска соработка.

Годинашниот самит е во сенка на предизвиците со кои се бори европската економија откако американската администрација наметна царините од 25 проценти за автоиндустријата, а го намали и военото присуство во Европа. 40 шефови на држави и влади во Ереван бараат решенија за предизвиците со кои се соочува стариот континент по војните во Украина и во Иран. Во фокусот безбедноста, отпорноста и поврзаноста на Европа во контекст на новите геополитички интереси.

„Овој самит е важен и за меѓународниот контекст, особено сега кога светот се соочува со растечки повеќекратни предизвици од Украина до блискиот исток. Се осмелувам да се надевам дека како резултат на нашите дискусии и одлуки, овој самит би можел да биде историски и за меѓународниот мир и стабилност“, изјави Никола Пашенијан – премиер на Ерменија.

„Геополитичката состојба во Европа сè уште се наоѓа во тековната руска агресија против Украина, а конфликтот на Блискиот Исток покажува дека на нашиот континент му е потребна визија за безбедноста од 360 степени“, изјави Антонио Кошта – претседател на Европскиот совет.

Неизбежна тема на самитот е и руската агресија во Украина и дополнителната поддршка за Киев.

„Војната на Русија против Украина и Европа продолжува со истиот интензитет како и претходно, ова лето ќе биде моментот кога Путин ќе реши што следно ќе направи. Дали ќе ја прошири војната или ќе премине на дипломатија, ние мораме да го туркаме кон дипломати. Затоа мора да го задржиме притисокот преку санкции“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.

За првпат на самиот на политичките заедници присуствува и шеф на влада кој не е од Европа, канадскиот претседател Марк Карни. Германскиот канцелар Фридрих Мерц го откажа своето учество.

Маја Стојанова