Новиот систем за патување го зголеми метежот на границата со Грција
Оро среде колона на граница – слика што најдобро го опиша хаосот викендов кон и од Грција. Новиот систем за патување наместо побрз проток, донесе часови чекање за илјадници македонски туристи. Додека туристичките работници бараат изземање од контролите во летната сезона, надлежните уверуваат дека преговорите со еу и соседните земји продолжуваат.

Ужичко оро на македонско-грчката граница. Новиот систем за патување наместо да ги намали, го зголеми метежот на границата со јужниот сосед.
Чекањето со часови не им претставувало проблем на 14.000 наши државјани кои отпатувале на продолжен викенд – велат туристичките работници. Иако, првичната цел на системот беше да се зајакне контролата за денови на престој, сепак на враќање не се вршело скенирање.
Билатерални договори за целосно изземање на нашите туристи од новиот систем, барем во летниот период, бараат од Националната асоцијација на туристички агенции.
Надлежните преговараат со земјите од Западен Балкан за изземање на нашите патници од новиот системот за патување во период на зголемена фреквенција и на техничко и на највисоко ниво, но сè уште нема одговор. Постои подготвеност кај земји членки на ЕУ да покажат флексибилност кон регионот.
Премиерот, пак, ги повика македонските граѓани да го поминат летниот одмор во македонските туристички капацитети.
Александра Велинова
