Кривична против четири малолетнички за насилството во Ѓорче, утре и за родителите
Тепање, снимање и објавување на социјални мрежи. Четири малолетнички кривично се гонат за нападот врз 13-годишното девојче во Ѓорче Петров. Институциите најавуваат одговорност и за нивните родители.

Кривична пријава против четири малолетнички за насилство врз девојче од Ѓорче Петров. Осомничени се за извршување на две кривични дела во два одделни настани. На 27-ми и на 30-ти март годинава, пријавените физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видеозапис и фотографии од настаните биле објавени на социјална мрежа.
Кривичната пријава е доставена до скопското Обвинителство и се постапува согласно законот за правда за децата, информираат од МВР.
Пријавено е во Државниот и просветен инспекторат, се обративме до градоначалниците, испратени се дописи и до училиштата. Министерката за образование и наука, Јаневска, со став дека на големите и малите одмори треба да се врати старата пракса на дежурства на наставници, а не на ученици.
Утре СВР Скопје, пак, ќе поднесе кривична пријава и против родители на инволвираните малолетници.
Александра Спировска
