ЦУК

Запалена машина за железо, причина за големиот пожар во Шуто Оризари

04.05.2026 17:04

Црн густ чад што се гледаше од речиси цело Скопје денес ги вознемири граѓаните. Со часови гори приватен плац со стари автомобили и отпад во Шуто Оризари, а пожарникарите интервенираа со сите расположливи капацитети за огнот да не се прошири.

Со часови гори приватен имот каде што биле складирани стари автомобили во Визбегово во близина на обиколницата. Се интервенира со сите капацитети на противпожарната служба. Надлежните велат дека огнот е ставен под контрола и нема опасност од ширење, сепак побарале да се интервенира и со воздухоплов. Но, поради густиот чад авионот не може да гасне. Дали на плацот гори само старо железо, засега не е познато.

„Денеска преку 112 е добиена пријава за пожар за запалена машина за мелење железо на ул. 1675 бр. 24 во Шуто Оризари. Според информацијата од РЦУК Скопје, добиена во 12:03 часот од градоначалникот на Шуто Оризари, пожарот е ставен под контрола и нема опасност од негово ширење, бидејќи плацот е ограден со ѕидови“, соопштија од Центар за управување со кризи.

Од полицијата велат дека работат на откривање на причините како настанал пожарот и целосно расчистување на случајот.

Црн густ час ги што се гледаше од повеќе делови низ градот претпладнево ги вознемири скопјани. Според надлежните пожарот настанал од запалена машина за мелење железо.

Андријана Ѓурческа