Кривичен суд

Труењето со јаглерод моноксид, главна причина за смртта на жртвите во „Пулс“

04.05.2026 18:19

700 степени, чад, паника и минути што завршиле трагично. Со потресно сведочење на судскиот вештак, денеска продолжи процесот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, една од најтешките трагедии во поновата македонска историја.

700 степени, чад, паника и минути што завршиле трагично. Со потресно сведочење на судскиот вештак денеска продолжи процесот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, една од најтешките трагедии во поновата македонска историја.

Кога почнала да гори дискотеката „Пулс“ се развила температура од 700 степени, чад, жежок воздух, стампедо, се причини за настанатите повреди и смртта кај младите кои кобниот 16-ти март биле на забава во овој објектот. Во судницата во Идризово, директорот на Институтот за судска медицина ги презентираше наодите на тимот вештаци.

Родителите, пак, на настраданите реагираа дека од страна на обвинетите, вештачењата од судска медицина се злоупотребуваат.

Судијката го задолжи обвинителството на следното рочиште да ја презентира на судот медицинската документација и на останатите 179 лекувани во клиниките во странство, со каква клиничка слика се евидентирани од тамошните здравствени установи, поточно дали кај нив е пронајден јаглероденмоноксид и водороден цијанид.

Наташа Јанчиќ Менковски