Свет

СЗО презема итни мерки по појавата на хантавирус на крузер во Атлантикот

04.05.2026 21:00

На патниците во моментов им е забрането истоварување и тие ги чекаат натамошните инструкции од здравствените власти...

Светската здравствена организација презема итни мерки по појавата на хантавирус на крузерот кој плови во Атлантскиот океан, откако три лица починаа од последици на заразата.

Уште пет лица се заразени од вирусот кој ги пренесуваат глодари. Едно од нив е згрижено во одделот за интензивна нега во Јужноафриканската Аепублика.

На патниците во моментов им е забрането истоварување и тие ги чекаат натамошните инструкции од здравствените власти. Крузерот управуван од холандска компанија, има капацитет од околу 170 патници и 70 членови на екипажот.