Кусиманен: Иднината на македонската економија е ветувачка
Проекциите за раст за следната година од 4 отсто ќе се исполнат ако се земе предвид климата во Европа...

На македонската економија и оди многу добро. Економскиот раст ќе биде 3 или 3,5 проценти, што е прилично повисоко од европскиот раст што е се разбира добро за Македонија, оцени директорот на одделот за проекции во Министерството за финансии во Финска Мика Куисманен, кој е дел од Твининг проектот за зајакнување на капацитетот на македонското Министерство за финансии за макроекономска анализа и формулирање на политики.
Според него, проекциите за раст за следната година од 4 отсто ќе се исполнат ако се земе предвид климата во Европа.
Иднината на македонската економија споредено со останатите економии во Европа е ветувачка. Предизвикот во иднина за Македонија би бил како најдобро да ги искористи ресурсите, да го унапреди пазарот на работна сила и да продолжи со добрите политики на привлекување странски директни инвестиции, изјави Куисманен.
Потенцира дека мерките што ги презема Владата одат во добра насока и покажале дека решаваат добро повеќе прашања.
