Германија

Две лица загинаа откако автомобил удри во група луѓе во Лајпциг

04.05.2026 20:35

Полицијата соопшти дека возачот кој се обидел да избега, е уапсен и не претставува опасност...

Две лица се убиени, а две тешко повредени откако автомобил влета во група луѓе во центарот на источно-германскиот град Лајпциг. Инцидентот се случил во шопинг улица, која поврзува неколку градски обележја.

Полицијата соопшти дека возачот кој се обидел да избега, е уапсен и не претставува опасност.

Мотивите и точниот тек на настанот се предмет на истрага.