Временска прогноза

Денеска сончево и топло време

05.05.2026 08:05

Утринската температура ќе биде од еден до седум Целзиусови степени, а дневната од 18 до 28 степени...

Сончево и топло време најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе биде од еден до седум Целзиусови степени, а дневната од 18 до 28 степени.

Времето во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.