Собрание

Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувања

05.05.2026 09:33

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на пријавените кандидати по Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Собраниската комисија за избори и именувања повторно интервјуира кандидати за член на Државната комисија за спречување корупција.

Претходниот оглас беше поништен поради тоа што имаше сомнеж дека двајца пријавени кандидати биле поддржувачи на изборна кампања на партии. На дневен ред се интервјуата на тројцата кандидати Владимир Клекоски, Марија Катралова Китанов и Катерина Зајковска. Претходно беа интервјуирани кандидатите Милка Муратовска и Тања Левајковиќ.

Собранието распиша оглас за избор на нов член на ДКСК по оставката на Цвета Ристовска, откако Антикорупциска отвори два предмета против неа поради непријавување на фирмите на нејзините деца во анкетниот лист и судир на интереси, бидејќи овие фирми биле вклучени во изборна кампања.