Стопанска комора
Азески и Сали на средба за финансиски можности од ЕУ
05.05.2026 10:06
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска организира работна средба со Беким Сали...

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска организира работна средба со Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата.
Како што се наведува во најавата на настанот, пред членовите на Управниот одбор на Комората и членовите на Бизнис клубот Европа, претседателот Бранко Азески организира работна средба со Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата, министер за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, кој ќе има обраќање на тема: „Финансиски можности од Европската унија за развој и раст на приватниот сектор“.
