Одбојка – СП Полска 2014

И Полска и Франција во полуфиналето!

19.09.2014 14:02

Полска – Германија и Франција - Бразил се полуфиналните средби на одбојкарскиот мундијал. Полјаците освоија два сета и бод, по што им дозволија на Русите да освојат два, па да ги елиминираат конечно со 3:2, истото го стори и Франција против Иран.

Првпат се играше во три групни фази, третата заврши максимално возбудливо, со неизвесност до последните натпревари. Полуфиналињата се играат на 20-ти септември, сабота, домаќинот игра од 20 и 25, а воведот е во 16 часот и 40 минути. Русија и Иран ќе играат за 5-то место, на истиот датум во 13 и 40.

Бронзениот меч и финалето се на 21-ви, недела во истите термини, мундијалот го следите во живо на МТВ.