Случајот со родилката од Дебар повторно во судница
Случајот со родилката од Дебар повторно во судница. Апелациониот суд Битола ја потврди затворската казна за гинекологот Мухамед Асани. Додека за двајцата други обвинети лекари, кои беа ослободени од вина, постапката продолжува со ново судење закажано за утре.

Случајот со родилката од Дебар повторно во судница – гинекологот Асани правосилно осуден на затвор, за другите лекари ново судење.
Случајот со родилката од Дебар, која при породување во струшката болница остана без три органи, се враќа во судница. Апелациониот суд ја потврди затворската казна за првообвинетиот гинекологот Мухамед Асани, додека за двајцата други обвинети, неговиот син Блертон Асани и Лилјана Јовановска. Кои беа ослободени од вина предметот е вратен на повторно судење.
„Според моето искуство повторувањето на судењето не треба да трае долго она со повторената постапка бидејќи во основа е сè направено во првото судење. По правило се отстрануваат недостатоците од првата пресуда доколку ги има и се постапува по напатствијата на Апелациониот суд да го препровери или уште еднаш да го изведе како доказ“, изјави Сашо Јанев адвокат на родилката.
Родилката од Дебар ќе бара и отштета, затоа што при царскиот рез поради лекарска грешка и беа отстранети матката, јајникот и бубрегот.
„Ние најавивме оштетно побарување. Да се приклучуваме на кривичниот прогон а нашето оштетно побарување ќе го остваруваме во граѓанска постапка. Тоа е стандардна постапка за надомест на штета којашто најчесто следи по изрекување на осудителна пресуда“, рече Сашо Јанев адвокат на родилката.
Гинекологот Мухамед Асани правосилно е осуден на три години затвор, за тешки дела против здравјето на луѓето, но доби и забрана за вршење лекарска дејност во траење од пет години.
Соња Рилковска
