ЕУ-Ерменија

Самит ЕУ – Ерменија во Ереван

05.05.2026 12:06

Ерменија домаќин на својот прв билатерален Самит со Европската унија, значаен дипломатски момент за нацијата на Кавказ која официјално ја прогласи својата амбиција да се приклучи на блокот...

Ерменија домаќин на својот прв билатерален самит со Европската унија, значаен дипломатски момент за нацијата на Кавказ која официјално ја прогласи својата амбиција да се приклучи на блокот и претпазливо ги олабавува своите врски со долгогодишниот сојузник Русија.

„Откако целосно ќе се усогласиме со стандардите на ЕУ, тогаш имаме две опции: да бидеме примени во ЕУ или не. Тоа е прашање на политичка одлука и зависи од Европската унија. Ако бидеме примени како земја-членка, ќе бидеме задоволни и среќни. Ако не бидеме примени сепак ќе имаме корист без разлика на сè, бидејќи Ерменија ќе биде земја што ги исполнува европските стандарди“, изјави Никол Пашинјан – премиер на Ерменија.

„Ерменија може да смета на ЕУ-заедно ќе го изодиме овој трансформативен пат“, изјави Антонио Коста – претседател на Европскиот совет.

Ерменија и ЕУ потпишаа партнерство за поврзување за зајакнување на економските врски и продлабочување на безбедносната соработка.