Вооружен маж отвори оган во близина на Белата куќа, тајната служба го застрела
Инцидентот кој привлече големо полициско присуство, се случи нешто повеќе од една недела откако вооружен маж се обиде да упадне на вечерата со новинарите од Белата куќа.

Тајната служба на САД објави дека полицајците застрелале човек во близина на вашингтонскиот обелиск, поради што Белата куќа накратко била под строги безбедносни мерки. Претседателот Трамп, бил внатре за време на пукањето, но неговиот настан не бил прекинат. Во пукањето нема повредени полицајци.
„Ќе истакнам дека недолго пред да се случи оваа пукотница, колоната на потпретседателот помина низ оваа област. Самата истрага, во однос на употребата на сила при пукањето, ќе ја спроведе метрополитенската полиција“, изјави Метју Квин – заменик-директор, тајна служба на САД.
Инцидентот кој привлече големо полициско присуство, се случи нешто повеќе од една недела откако вооружен маж се обиде да упадне на вечерата со новинарите од Белата куќа. Кол Томас Ален е обвинет за тој напад, во кој беше ранет еден службеник на тајната служба.
