По кривичната, Стоматолошката комора соработува со органите
„Комората најостро ги осуди сите форми на незаконско и неетичко постапување, aктуелното раководство целосно соработува со надлежните институции со цел целосно расчистување на случајот и утврдување одговорност“, информираат од Стоматолошката комора.

Стоматолошката комора изрази сериозна загриженост откако Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Комората, како и против претседателот и членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања поради сомнеж за злоупотреба на службена положба и овластување.
„Комората најостро ги осуди сите форми на незаконско и неетичко постапување, aктуелното раководство целосно соработува со надлежните институции со цел целосно расчистување на случајот и утврдување одговорност“, информираат од Стоматолошката комора.
Зајакнати се и внатрешните контроли и процедурите, поврзани со лиценцирањето и континуираната едукација на кадарот.
