Штох по стапките на Зјобро
Полските ски-скокачи го комплетираа викендот за паметење со уште еден триумф во швајцарски Енгелберг. По саботниот дебитантски успех на Јан Зјобро, неделното натпреварување го доби Камил Штох.
Вчера Штох беше втор, а Зјобро денеска трет. Во последните 33 години само еднаш се случило двајца Полјаци истовремено да се пласираат на пиедесталот. На Штох и на Зјобро им успеа овој подвиг да го повторат двапати за само два дена.

Штох денеска имаше должини од 132 и од 130 метри, за кои собра 274,7 бода, 3,5 бода повеќе од второпласираниот Германец Андреас Велингер, кој прескокна 128 и 133 метри. Зјобро оствари далечини од 128 и од 133 метри.
По овој триумф, на чело на генералниот пласман во Светскиот Куп, Штох се оддалечи на 58 бода пред Австриецот Грегор Шлиренацуаер, кој денеска водеше по првата серија, но на крајот се задовиоли само со четвртото место. Пред почетокот на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ на 29 декември во Оберстдорф, третоопласираниот Андреас Бардал заостанува 99 бода зад Штох.