Град Скопје ја промовираше мобилната апликација „Патувај зелено“

19.09.2014 14:04

Како дел од активностите на четвртиот ден од Европската недела на мобилност- масовната кампања за промоција на одржливите видови транспорт, Град Скопје денеска ја презентираше новата андроид апликација „Патувај зелено“, преку која граѓаните во реално време ќе може да добиваат информации за сообраќајните текови во градот и да го одберат најкраткиот, најекономичниот и најеколошкиот начин за да стигнат до саканата дестинација.

„Градот Скопје е еден од малкуте градови во регионот кој своето работење го темели врз принципите на одржлив развој и подобрување на животниот квалитет на граѓаните. Андроид апликацијата и web страницата Патувај зелено или Skopje Green Route претставува уште еден значаен чекор кон создавањето одржлив транспортен систем во градо“, изјави градоначалникот Коце Трајановски.

Апликацијата „Патувај зелено“ е бесплатна и граѓаните преку својот мобилен телефон може да ја инсталираат преку иконата playstore, со внесување skopje green route и избор на оваа апликација.