МВР
Кривични пријави против родители на малолетнички по врсничкото насилство во Ѓорче Петров
05.05.2026 12:56
Полицијата поднесе шест кривични пријави против родители чии малолетни деца физички нападнале 13-годишно девојче во Ѓорче Петров.

Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје поднесе шест кривични пријави до Основно јавно обвинителство Скопје против родители на малолетнички, осомничени за „запуштање и малтретирање дете“.
Како што информираат од полицијата, пријавите се поднесени затоа што нивните малолетни деца извршиле физички напад врз 13-годишно девојче во скопската населба Ѓорче Петров.
Претходно, на 29 април, во врска со истиот случај, поднесена е кривична пријава и против четири малолетнички осомничени за насилството.
Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.
