Бразил против Европа во одбрана на титулата
Мундијалскиот одбојкарски маратон влезе во последниот круг. Во трката за медалите останаа Бразил, Полска, Франција и Германија. Бразилците, против три европски селекции во одбрана на титулата. Се смени светската одбојкарска карта во однос на шампионатот од пред четири години. Само Бразил стамено ја брани позицијата, денеска новите на тој пат за врвот на светската пирамида се Полска, Франција и Германија! Ова мало одбојкарско друштво со највисоки резултатски цели, се сели во Катовице. Во „Сподек Арената“, тринеделната бескрајно долга одбојкарска војна ќе ги изнедри одбојкарските херои!

Мундијалскиот одбојкарски маратон влезе во последниот круг. Во трката за медалите останаа Бразил, Полска, Франција и Германија. Бразилците, против три европски селекции во одбрана на титулата. Се смени светската одбојкарска карта во однос на шампионатот од пред четири години. Само Бразил стамено ја брани позицијата, денеска новите на тој пат за врвот на светската пирамида се Полска, Франција и Германија! Ова мало одбојкарско друштво со највисоки резултатски цели, се сели во Катовице. Во „Сподек Арената“, тринеделната бескрајно долга одбојкарска војна ќе ги изнедри одбојкарските херои! Дали завршницата и натаму ќе остане со бразилски тоналитет или некои нови бои ќе станат доминантни, одбојкарскиот свет е во неизвесно исчекување!
Бразилците се доминантни на последните три светски првенства. Во изминатите три децении освен во 1994-та , постојано се дел од завршниот мундијалски квартет. Имаат силен состав. Во полуфиналето ќе играат против Франција. Изминаа 12 години од моментот кога Французите беа во ваквата, многу возбудлива улога. Ја заслужуваат со резултатите, а пред се со играта проткаена со комбинаторика и прецизност. Бразил-Франција ќе е извонредно полуфинале.
Никогаш со посилна треска не бил обележан еден одбојкарски мундијал. Обоен во „црвено-бело“ со боите на Полска.Домашната репрезентација победува, нацијата е на нозе.Во тој победнички марш деновиве под нозе беа ставени светскиот првак Бразил, а потоа и олимпискиот победник Русија.Ќе се заврши ли триумфално за Полјаците како во далечната 1974-та! Германија е следниот опонент. Селекцијата, со најголем резултатски исчекор. Ако ги сместиме резултатите на некогашниот ДДР во посебна графа, Германците прв пат летаат толку високо на одбојкарското небо. Тоа е селекција со перманентен напредок. 12-та во 2006-та, 8-ма во 2010-та, Германците беа 6-ти пред две години на Олимпијадата во Лондон.Искусен и опасен состав предводен од извонредниот коректор Ѓерѓ Грозер.Мундијалска кулминација!
Сабота, 20.09: Катовице-полуфинале
16.40 Франција-Бразил- МРТ-пренос
20.25 Германија-Полска – МРТ-пренос
